Поранешниот македонски капитен Горан Пандев направи неочекуван трансфер од Џенова во италијанскиот второлигаш Парма, каде што ќе биде клупски колега со уште една фудбалска легенда, Џанлуиџи Буфон.
Според италијанските медиуми, Пандев прави трансфер со договор до крајот на сезоната, со опција за уште една сезона.
38-годишниот Пандев е во Џенова од 2015 година, со 174 настапи и 28 гола за „рособлу“, и секогаш бил миленик на публиката на „Луиџи Ферарис“.
Парма по испаѓањето од Серија А, оваа година е на 12. место во Серија Б, додека Џенова е претпоследна во првата лига, со многу големи шанси за испаѓање од лигата.