Од почеток на пандемијата 17 лица се заразиле по третпат со корона вирусот

Од почетокот на пандемијата до денес, регистрирани се 6.494 реинфекции, што е 2,4 проценти од вкупниот број позитивни случаи во земјава, а од нив 17 се болни кои се разболеле по третпат, се наведува во анализата на Инстотутот за јавно здравје. Во анализата којашто го опфаќа периодот од 24 до 30 јануари се наведува дека во тој период имало 1.558 реинфекции или една четвртина од вкупниот број повторни заразувања.

-За една недела пријавени се 148 смртни случаи во 26 градови што е за 38,3% повеќе во однос на минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје – 48 а најголем број од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години – 12, 40-49 години – 2 и 20-29 години – 2, соопшти ИЈЗ.

Според извештајот на ИЈЗ, низ болниците во земјава од ковид-19 моментално е хоспитализирано 671 лице што е 22 проценти повеќе во споредба со претходна недела. Минатата недела биле тестирани вкупно 38.518 материјали во лабораториите а регистрирани се 11.916 нови позитивни случаи од 35 градови во државата. Просечен процент на позитивност е 30,3 проценти. Меѓу болните, најзастапени се возрасните групи над 60 години и од 30 до 39години. Најмал број е регистриран кај возрасната група до 9 години.

Вкупно од појавата на вирусот досега регистрирани се 8.409 смртни случаи. Кај 82,1 отсто се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларни, дијабет, белодробни, невромускуларни, бубрежни и карцином. Регистрирани се 9 смртни случаи кај бремени жени и 37 смртни случаи кај здравствени работници.

Претходна вестКомисијата за заразни болести решава за скринингот на учениците
Следна вестВМРО-ДПМНЕ сега има 4 потпретседатели, очекуваат победа на предвремени избори