Актуелниот директор на Институтот за имунологија доктор Александар Петличковски е нов претседател на Комисијата за заразни заболувања. Тој на оваа функција ќе го замени досегашниот директор доктор Жарко Караџовски. Истовремено, Злате Мехмедовиќ од Здравствен дом – Скопје е поставен за нов портпарол на Комисијата.
Вакви одлуки, според известувањата на повеќе медиуми, се донесени на досегашната работа на Комисијата за заразни заболувања која заседава денеска. Седницата на Комисијата се уште трае, а на неа се дискутира и модусот според кој ќе се врши скринингот на учениците во училиштата.
Новите кадровски промени во Комисијата за заразни болести, која е советодавно тело на министерот за здравство, деновиве ги најави министерот Беким Сали. Тој упати и покана до неколку медицински експерти да влезат во составот на Комисијата, но тоа не беше прифатено од нивна страна.
Во досегашниот тек на пандемијата јавноста имаше доста забелешки за работењето на Комисијата, но и дека политиката има влијание во нејзиното работење.