Шилегов од високо гледа како им е на скопјани без него во градоначалничката фотелја

Локалните избори завршија пред повеќе од 3 месеци. Aма има многу потсетници низ Скопје дека изборите само што не почнале. Еден од највоочливите е големиот плакат на улицата „Димо Хаџи Димов“ во скопската општина Кисела Вода. Петре Шилегов уште не убедува да гласаме за него.

Некој, очигледно, треба да го потсети Шилегов дека плакатот треба да се отстрани или тоа треба да го сторат надлежните служби. Освен ако не е целта на плакатот да не потсетува кој го остави Скопје во многу недоречености. Освен ако целта не е Шилегов од високо да гледа што скопјани прават без него во градоначалничката фотелја.

Инаку, онака вистински, во живо, Шилегов одамна го нема во јавноста, а има многу прашања кои се отворија и тој треба да даде одговор.

Претходна вестМоже ли кој посака да ги види петките на македонските ученици?
Следна вестКратка поука за „северните“ власти околу Гоце Делчев