Мислеле на омаловажувачко и понижувачко – напишале негативно мислење?

По реакциите во јвност и правниците за квалификацијата „негатвно мислење“, како казниво дело во измените на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, Министерството за правда денеска соопшти дека пропустот во членот 6 став 1 е отстранет и сега ќе гласи: „За навреда одговара тој што со намера да омаловажи, со изјава, однесување, објавување или на друг начин ќе изрази за друг со утврден или очевиден идентитет омаловажувачко или понижувачко мислење, со кое се повредува неговата чест и углед“.

Од Министерството појаснуваат дека работната група всушност со ваквата формулација сакала да каже нарушување на чест и углед во контекст на омаловажувачкото и понижувачко мислење, а не надвор од тоа.

-На законот работеше работна група во чии состав имаше членови од сите засегнати страни, вклучувајќи ги претставниците на новинарските здруженија и синдикати, судии, универзитетски професори и не може да се става сомнеж околу компетентноста на истата, се правдаат од Министерството.

 

Претходна вестДелови од Скопје утре без струја
Следна вестСобранието не може да избере уставни судии поради опструкции