Мал број тестирани, но секој четврти е позитивен – починале 21 лице

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 2.790 теста, а регистрирани се 690 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 490, Кавадарци – 42, Куманово – 26, Струмица – 25, Штип – 20, Гостивар и Охрид – по 15, Велес и Неготино – по 9, Битола – 8, Тетово – 6, Прилеп и Гевгелија – по 4, Кичево, Кочани и Дебар – по 3, Струга – 2, Радовиш, Крива Паланка , Виница, Пробиштип, Кратови и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број позитивни (690), регистрирани се 94 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 18 починати лица: 12 од Скопје (65, 66, 69, 70, 71, 73, 73, 76, 79, 87, 88 и 89), 2 од Охрид (79 и 85) и по едно починато лице од Гостивар (84), Струга (78) Куманово (66) и од Битола (83). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.

Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се дополнително 3 починати лица, и тоа од: Охрид (1), Струмица (1) и Велес (1). Починатите се на возраст од 43 до 68 години. Од пријавените лица, две се починати во болнички услови и едно во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 3.2.2021 до 5.2.2022 година.

Од вкупниот број починати лица (n=21), 6 се целосно вакцинирани, а кај 18 се регистрирани коморбидитети.

Регистрирани сe 676 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 278.872, бројот на оздравени пациенти е 257.956, на починати е 8.599, а бројот на активни случаи изнесува 12.31, од кои во Скопје 6.500.

Претходна вестМуцунски ги послуша родителите и назначи в.д. директорка на ОУ „Лазо Ангеловски“
Следна вестПроменливо облачно и постудено време