Арсовска му поднесе кривична на Шилегов за кафанска прослава на Нова Година во 2019

Град Скопје поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувања против ексградоначалникот Петре Шилегов и поранешната претседателка на Советот, Љубица Јанчева од СДСМ, информира денеска Данијел Апостолоски од прес-службата на Данела Арсовска.

Кривичната е за незаконско трошење пари од градскиот буџет за организирање предновогодишна прослава во кафеана во 2019 година.

Јанчева, во својство на претседател на Советот на Градот, организирала предновогодишна забава во ресторан во Скопје, и за тоа своерачно потпишала и посебен интерен образец со кој потврдува дека ги искористила наведените средства и во прилог кон него доставила фактура, со што ги потврдува издатоците за реализирани средства за репрезентација, велат од Градот.

За незаконските активности алармирал и Секторот за финансиски прашања при Град Скопје, кој во службена белешка укажал дека се работи за услуги спротивно на законот. Во белешката, според изјавата на Апостолоски, е наведено дека доставената фактура за прославата се однесува за извршени услуги за кои Градот со угостителскиот објект нема склучен договор со постапка за јавна набавка во 2019 година.

И покрај тоа, тврдат од прес-службата на Арсовска, Шилегов дозволил да се искористат парите од градскиот буџет.

 

Претходна вестВозачот на Бесими и Бектеши вчера кај Владата предизвика сообраќајка во која се повредени две лица
Следна вестКомисијата препорача: Потврдата за прележан ковид да важи 180 дена, вакцинација со трета доза, маските во школите остануваат