Home АКТУЕЛНО Седни и одмори се на клупа во паркот „Жена-борец“

Седни и одмори се на клупа во паркот „Жена-борец“

0
Седни и одмори се на клупа во паркот „Жена-борец“

Централниот парк во градот „Жена – борец“ е омилено место за скопјани. Минатите години и малку го разубавија со нови клупи, со корпи за отпадоци, со потсредено зеленило…

Арно ама, сето тоа треба да се одржува. Што од надлежните, што од самите граѓани. Дали е така? 

Не малку клупи за седење се целосно неупотребливи бидејќи се извалкани со птичји измет. Тоа, се чини, е неминовност бидејќи тие клупи се поставени токму под крошните на големите дрвја на кои секојдневно се собираат голем број на најразлични птици. Овој парк, познато е, е една од локациите која овие птици ги користат за своето престојувалиште. Тогаш, логично е и да се очекува дека на парковските површини ќе има дополнително ѓубре.

Во тоа граѓаните секојдневно се уверуваат. Ѓубре има на пешачките тротоари, го има и на клупите. Дали го гледаат надлежните за чистење?

Опција да се чистат клупите, се чини, ќе се соочи со секојдневна залудна работа бидејќи птиците ќе си го прават своето. Тогаш, најдобро е клупите да се преместат на некој друг дел од паркот. Вака, клупите платени со пари на граѓаните, само залудно пропаѓаат.

За несредените, а пренатрупани споменици…, во друга прилика ќе ги потсетиме.