Home АКТУЕЛНО Се крпи асфалтот на булеварите, се поставуваат семафори низ Скопје

Се крпи асфалтот на булеварите, се поставуваат семафори низ Скопје

0
Се крпи асфалтот на булеварите, се поставуваат семафори низ Скопје

Во текот на вчерашниот ден екипи на Град Скопје и на ЈП Улици и патишта  извршија санација на крупните оштетувања на коловозите  на улицата „Димитрија Чуповски“ и на булеварот „Партизански одреди“.  

На  пешачкиот премин на булеварот „Александар Македонски“, кај бензиска станица Макпетрол, вчера беше поставен семафор, на раскрсницата на булеварот „Босна и Херцеговина“ со улицата „Лазар Трповски“  извршена е подготовка  за семафорска инсталација, а на  повеќе улици и булевари во општина Бутел, Карпош и Кисела Вода се поставуваше вертикална сигнализација.

Од Град Скопје најавуваат дека екипите на ЈП Улици и патишта секојдневно ги детектираат и ќе ги санираат оштетувањата на коловозите на булеварите и на улиците низ градот, но и ќе вршат замена или поставување дополнителна сообраќајна сигнализација којашто ќе ја зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.