По две години пауза продолжија Училишните спортски игри

По двегодишна пауза поради пандемијата со ковид 19, од оваа година продолжија Училишните спортски игри во 8-те основни училишта во општината, кои се натпреваруваат во 4 спортови: кошарка, ракомет, фудбал и одбојка за девојчиња.

-Верувам дека со голема возбуда чекате да започнете со спортската борба и да дадете се од себе за на крајот на годината бидете победници или најдобри стрелци и играчи во сите 4 спортови. Од годинава, во спортските лиги ни се приклучуваат и учениците од новото основно училиште, „Киро Глигоров“, кои веќе ја добија својата соодветна спортска опрема и се подготвени рамо до рамо да се натпреваруваат со останатите ученици“, изјави на отворањето градоначалникот на Центар Горан Герасимовски.

Училишните спортски игри се одржуваат во ООУ „11 Октомври“.

Претходна вестСе крпи асфалтот на булеварите, се поставуваат семафори низ Скопје
Следна вестУПОЗ бара или скалест раст на сите плати или оди на генерален штрајк