ВМРО-ДПМНЕ: Криминалната коалиција ДУИ – СДСМ ја оштетила општина Тетово 7 милиони

Криминалната коалиција ДУИ – СДСМ ја оштетила општина Тетово 7 милиони. Толку изнесува штетата причинета не одењето на работа на 244 лица, кои биле исплаќани од буџетот на општината, иако не сработиле ништо, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-7 милиони наместо за подобрување на хигиената во градот, нови водоводни и канализациони инсталации завршиле кај луѓе од списокот на Теута Арифи, ДУИ и СДСМ. Одговорност не треба да има само кај лицата кои не оделе на работа, туку пред се кај Теута Арифи, како одговорна во институцијата, која го оштетила буџетот на општината. Примерот од Тетово е пример како функционирала коалицијата ДУИ – СДСМ долг период наназад. Која се темели на криминал и злоупотреби, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека ДУИ и СДСМ ги ограбуваат граѓаните од сите националности. Тие се сложни во криминалот на штета на народот и државата.

Претходна вестЗапален автомобилот на братот на Јаулески, пратеникот вели: Ако ми праќаат порака, не им се плашам
Следна вестМВР: 218 сообраќајни прекршоци во Скопје, 57 за брзо возење