Малолетник бил нападнат со нож од страна на негов другар во основно училиште.
Како што информираат од полицијата, настанот се случил вчера, а во присуство на родител бил извршен разговор во полициска станица.
„На 11.02.2022 во 16.50 часот во Полициска станица Гостивар малолетник од с.М.Турчане, гостиварско, пријавил дека околу 15.25 часот додека бил во основно училиште, бил повреден со остар предмет од негов другар, со кого подоцна, во присуство на родител, е извршен службен разговор во Полициска станица Гостивар“. велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.