Македонското знаме пак се развиори на врвот на светот: Златко Јаќовски го искачи Монт Еверест

Македонското знаме одново се развиори на врвот на светот откако и Златко Јаќовски го освои Монт Еверест висок 8.848 метри.

Во објавата на планинарскиот клуб „Македон“ на нивната Фејсбук страница се наведува дека големиот потфат е направен на 19 мај.

-Честитки за огромниот успех и му посакуваме да се одмори во базниот камп, каде се чувствува одлично! Сонот може да стане реалност, само треба да веруваме во него!, објави планинарскиот клуб.

Досега, повеќе македонски планинари го освојуваа покривот на светот: прв се искачи Димитар Илиевски-Мурато во 1989 година, Глигор Делев во 2007 година, Сашко Кедев во 2009 година, Илина Арсова во 2013 и Здравко Дејановиќ во 2014 година.

 

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Владата купува алкохолни пијалоци за околу 3 милиони денари иако е криза
Следна вестКај Грк и Австриец пронајдена дрога на Табановце