А на здивените возачи кога ќе им се објави војна?

Криминалот е сеприсутен во Македонија. Државата со години страда од луѓе кои не фермаат закони, правила, норми…

Е, на ваквите „типови“ првиот човек во МВР им објави војна. Војна со криминалците, а посебно на оние во Скопје, деновиве им објави актуелниот министер за внатрешни работи Панче Тошковски. Рече дека ќе се започне со посебна оперативна акција против „багабонтите и криминалците“, фокусирана на безбедноста на градот Скопје, дека ќе има зголемено присуство на полициските службеници на терен, се со цел граѓаните да се чувствуваат безбедно.

Добро е што ќе почне полицијата поревносно да си ја врши работата. Брутални убиства се случуваат и сред бел ден, кражби има се повеќе, се ограбуваат дуќани, станови, граѓани на сред улица, насилства – тепачки, изнуди…

За жал, во Скопје не е нарушена и загрозена само општата безбедност. Ништо подобра не е ниту безбедноста на градските сообраќајници, во градскиот сообраќај. Врие од здивени возачи низ Скопје.

Пребрзо возење, непочитување на семафори и други знаци, нерегистрирани и неисправни возила, пијани возачи… сето тоа доведува до многу сообраќајки, многу повредени, а и бајаги со трагичен крај.

Досегашните полициски акции и контроли не вродија со задоволителен резултат.

Значи, Тошковски и на здивените возачи треба да им објави војна. Ќе го направи тоа?

Претходна вестДенес се генерираат налози за исплатата на парите од „Мој ДДВ“
Следна вестПак нема ниту еден македонски универзитет меѓу најдобрите 1.000 на Шангајската листа