А, со дронот Град Скопје да лови комарци, не само загадувачи?

Градот Скопје со летање дрон ќе лови загадувачи и создавачи на диви депонии. Тоа го прави во соработка со извесно здружение „Ергос“-Скопје. До сега се направени 12 прелети и не се регистрирало ниедно запалено стрниште или создавање депонија. Ама пак ќе летале во текот на наредната недела и „дел од прелетите ќе се емитувале во живо на официјалната фејсбук страницата на Град Скопје“ – велат од Градот.

Информацијата предизвика серија на иронични шеги на адреса на градоначалникот, пред се на социјалните мрежи:

-А со дрон да ловеше комарци попродуктивно ќе беше! Ако со 12 летања ниедна депонија или палење не регистрирале, можеби сепак на комарци се „почувствителни“ па бар ќе ги регистрираат- кога веќе не ги убиваат…

-Да вградите на дроновите по некое мини топче за стрелање од горе на комарците, оти летото пројде ние бел ден не видовме. Во зима не труе загадувањето, во лето „умираме“ од комарци…

-Господине градоначалник зошто си играте со скапи играчки, доволно е за тие пари да вработите уште неколку инспектори па од копно да ловите загадувачи…- се само дел од коментарите.

Сепак од Градот се убедени дека дронот е вистинското решение и на тој начин ќе ги ловат потенцијалните загадувачи, а потоа преку снимките и фотографиите ќе отворале постапки. Истовремено се убедени дека скопјани ќе имаат поздрава животна средина. Прашањето е: и што ако повторно никого не фатат, ќе се заклучи дека Скопје е најчист град и нема загадувачи!?

А за комарците…

Претходна вестПолицијата растури свадба во Гази Баба, сватовите од веселба завршија во станица
Следна вестЗа прв пат вечерва „drive-in” концерт со биг бендот на Здружението на џез музичари