Административно допишани се 132.260 лица, што се тие по националност?

При пописот не се попишани директно туку се внесени административно дури 132.260 граѓани на Македонија. Што се тие по националност? Колку нивното изјаснување за тоа на која етничка заедница и припаѓаат може да ги смени процентите на етничката застапеност во вкупното резидентно население во Македонија? Ова се дилеми кои се наметнуваат откако денеска се соопштија деталните податоци за тоа како се изјаснувале граѓаните во однос на етничката припадност.

Инаку, според објавените официјални податоци, вкупното резидентно, население коешто живее во Македонија е составено од 1.836.713 лица, а во него се вметнати и  132.260 лица кои што се административно попишани.

Според главниот попишувач Апостол Симовски, брројката на додадени лица не е голема. Пописот бил спроведен во време на ковид-пандемијата, отсуство на граѓаните поради одмори, но и поради бојкот на дел од граќани кои не се согласуваа со начинот на попишување.

Лицата за кои податоците се преземени од административни извори и кои не се прашани за етничката припадност, гледано процентуално во вкупната бројка на попишаното население изнесуваат 7,20 проценти.

Јасно е дека доколку овие 132.260 граѓани имале можност да се изјаснат во однос на етничката припадност, тоа ќе значи и дека е можно соопштените податоци за етничка структура на населението во Македонија реално да се различни од официјално соопштените.

Директорот на ДЗС Апостол Симовски објави дека од вкупното резидентно население нив 58,44 отсто се изјасниле како Македонци, 24,3 отсто како Албанци, 3,86 проценти како Турци, 2,53 отсто како Роми, 0,47 како Власи, 1,3 Срби, 0,87 отсто како Бошњаци а како „Останати“ – 1,03 проценти. Односно, тоа се вкупно 92,8 проценти од вкупното население во земјава, а  остататокот од 7,20 проценти е административно попишан.

Слична дилема се јавува и кај лицата кои се попишани во дијаспората. И таму има 6,31 процент, односно, 132.260 лица коишто се административно попишани и кои не се прашани за етничка припадност. А тоа значи и дека соопштените проценти за етничката структура на иселениците не се конечни.

Претходна вестНи маските за средношколците не се задолжителни, а може да се оди и на екскурзии
Следна вестЗа 20 години Скопје станало побогато за 50.105 станови