Аеродром и Центар со загрижувачки раст на новозаразени од вирусот

Скопските општини Аеродром и Центар станаа подрачја со убедливо најмногу заболени лица од корона вирусот во лавниот град на Македонија. Последните податоци на Министерството за здравство покажуваат дека во Аеродром сега има 174 активно болни пациенти додека во Центар само три помалку – 171.

Зад нив по бројот на случаите се Карпош со 147, Кисела Вода со 116 и Гази Баба со 114. Во останатите скопски општини има под стотина заболени: во Ѓорче Перов 74, Чаир 61, Бутел 44м Шуто Оризари 17 и Сарај – 14.

Вкупно на скопското подрачје има 1.005 болни а до сега со вирусот се заразиле 7.538 граѓани.

Инаку, само денеска во Скопје има 120 нивозаразени. Починаа и два пациенти од Скопје (75г. и 68г.).

Претходна вестНа патот кон кумановско Лопате најдени 5 рачни бомби
Следна вестПочината жена пронајдена во стан во Капиштец