По неколку месеци, општина Чаир веќе не е скопско подрачје со најголем број на активни случаи од корона вирусот. Од денеска најмногу активно болни има скопската општина Аеродром – 103 додека Чаир се втора со вкупно 90 заболени.
Според податоците на Министерството за здравство, на скопското подрачје активно болни се 744 лица, што е околу една третина од сите 2.191 заболен на ниво на земјава.
Во Кисела Вода има 85 заболени, Карпош – 80, Центар и Гази Баба – 78, Бутрел – 52, Ѓорче Петров – 40, Шуто Оризари – 29 и Сарај 22.
На подрачјето на Студеничани има 28 заболени, Арачиново – 14, Илинден – 13, Сопиште – 7, Чучер Сандево – 3, Петровец – 8, Зелениково – 2, Странец – 8 и Нераспределен-4.