Министерот за здравство Арбен Таравари назначи в.д. директори во неколку јавни здравствени установи, соопшти Министерството за здравство.
За в.д. директор на Универзитетска клиника за неврохирургија е назначен Љуљзим Агаи, на Универзитетска клиника за очни болести – Наташа Шекеринов, додека на Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле – Каролина Симоновска.
Пранвера Изаири ќе биде в.д. директорка на специјалната Болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ Чаир, на Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија Јасмина Ѓоргиевска Павловска, а на Универзитетска клиника за хирургија на лице, вилици и врат-максилофацијална хирургија за в.д. директорка е назначена Сузана Двојаковска.
В.д. директор на Клиничка болница Тетово е Агим Бериша, на Општа болница со проширена дејност Гевгелија Патрик Матх, на Институт за медицина на трудот Мерхал Исмаили, на Здравствен дом Валандово – Кети Пампурова Стојчевска, на Здравствен дом Кратово Оливер Лазаровски и на Здравствен дом Кичево за в.д. директор е назначен Генц Селмани.