Агатангел со повик за протест пред седиштето на ЕУ: Да за интеграциите, но не понижени

Се најавува семакедонски собор пред Делегацијата на ЕУ во Скопје. Целта е да се покаже дека треба да престане понижувањето на Македонците во име на евроинтеграциите. Настанот ќе се одржи во недела во 17 часот и ќе заврши пред македонскиот парламент.

Митрополитот повардарски Агатангел ја прифатил поканата да земе учество на собирот-протестот од, како што вели, разочарани луѓе.

-Европа за нас Македонците не треба да биде страв и понижување. Европа треба да биде гордост и така сакаме, со крената глава, достоинствено да влеземе во Европа. Не со промена на нашето свето македонско име, со непочитување на нашиот македонски јазик, непочитување на македонскиот идентитет, вели владиката.

Тој воедно вели дека на соборот треба да се искаже незадоволството од понижувањето и од надвор и од македонски политичари.

-Да го искажеме нашето незадоволство кон сите оние предавници, кон сите што нè изневерија. Ги гласавме за да ја водат оваа наша света македонска земја кон светлината, а не да не турнат во темнина, во срам и во понижување, вели Агатангел, повикувајки масовност за да се покоаже на демократски начин дека на Македонскиот народ му е доста од понижување.

Митрополитот нагласува дека оваа генерација се обрука со лесно давање на името, но ќе дојдат нови генерации кои ова ќе го исправат.

Претходна вестНародна банка до Костовски: Нашите надлежности престанаа на денот кога беше укината дозволата
Следна вестНеубаво: Собранието тргна со недоразбирања, спорни одлуки, напуштање на опозицијата…