Корупцијата во ниедна форма не треба да се толерира, а таа носи и последици. Ова е пораката од амбасадорката на Соединетите американски држави Ангела Агелер по одлуката на Стејт Департментот на црната листа да ги додаде поранешниот вицеприемр Артан Груби и апелациониот судија Енвер Беџети. Вели дека ставањето на двајцата на американсакта црна листа е за да се повикаат на одговорност поединци чии кримнални дејности ги поткопуваат безбедноста, стабилноса и вредностите на управуање.
Агелер не соопшти детали какви дејствија презеле Груби и Беџети. Според соопштението на Стејт Департментот, тие примиле мито за да влијаат врз предмет во кој обвинет бил пораншниот директор на УБК, Сашо Мијалков. Прашана дали судијата посетувал обуки и тренинзи финансирани од САД, Агелер, рече дека најголем дел од судиите и јавните обвинители биле дел од обуките за кои потрошиле половина милијарда долари, ама не виделе поврат на инвестицијата. Ги повика македонските институции да преземат мерки за активностите на Груби и Беџети кои американските власти ги посочија за вмешаност во корупција.
Груби остана недостапен за коментар, на фејсбук напиша дека од медиумите дознал оти е ставен на американската црна листа. Пишува дека демократските вредности и во иднина ќе биле главен столб на секоја негова акција.
-Како човек кој мојот јавен живот го посветив на одбраната на западните демократски вредности и кој секогаш посветено работев за членството на земјата во НАТО и во Европската Унија, оваа одлука ме засега директно и лично. Ќе се обврзам со сета посветеност и максимално, заедно со сите наши пријатели и партнери, со кои ја споделувавме визијата и работевме со години за интеграција на земјата во евроатлантските структури, целосно да го разјасниме ова прашање, рече Агелер.
Ниту судијата Беџети не ја коментираше одлуката на американските власти. Без став се и во апелациониот суд, а став нема ниту од Судскиот совет. Единствено реагираше здруженито на судии.
-Ставањето на црната листа на САД, на било кој судија е сериозен удар за честа и угледот на конкретниот фунцкионер на судската власт. Имајќи го предвид значењето на етичкото однесување и интегритет на судиите кое треба да биде неприкосновено и во согласност, пред се со Уставот и Законите на нашата земја, но и согласно Меѓународните закони и препораките на ЕУ и САД како наши стратешки партнери, Здружението повикува на брзо разрешување на случајот, пред се заради зачувување на независнота и интегритетот на судската фела, се вели во соопшетнието од Здружението на судии.
Беџети е судијата за кој беше откриено дека девет месеци во фиока го чувал предметот „Таргет Тврдина“ за Мијалков, кој потоа и застаре. Судскиот совет му поведе дисциплинска постапка, го казни со намалување на платата за 20 отсто во траење од неколку месеци.
Во меѓувреме, од Американста амбасада велат дека црната листа не е затворена, и дека на неа ќе се додадат и други имиња.