Агелер: Институциите да се прашаат како дозволија убиство на дете

Системот не успеа да ѝ помогне на малдата девојка Вања Ѓорчевскатаа. Се работи за криминалци, за кои се знаело дека се криминалци, дека се насилни, и не се во затвор. Институциите треба да се запрашаат што правеле, изјави денеска амбасадорка на САД Ангела Агелер. Во интервју за емисијата „Стадион“ на Канал 77 таа потенцира дека институциите треба да фрлат еден безмилосен поглед врз себе.

-Тие криминалци не биле претходно апсени и затворани. Не биле апсени и целосно гонети за нивните претходни злосторства. Не морале да ја платат таа цена, и цената ја плати една млада девојка. Вања ја плати цената. Срцепарателно е, апсолутно е срцепарателно, и сега не е време за политизација. Време е за институциите да фрлат еден безмилосен поглед на себе. И да се прашаат, што можевме да сториме за да ја спасиме оваа млада девојка и сите други деца во земјава? Зошто дозволуваме криминалците слободно да се движат и да вршат злодела врз кого било во државава? Ова е трагедија и се надевам, се молам, дека оваа држава, граѓаните, институциите и државните претставници ќе се погледнат во огледало и ќе прашаат што правевме, што треба да направиме сега за да обезбедиме дека вакво нешто никогаш повеќе нема да се случи, рече Агелер.

Таа зборуваше и за епидемијата на корупција во Македонија, очекувањата од нови имиња на „црната листа“, интегритетот на судиите и обвинителите и нивната улога во реформирањето на државата и општеството….

-Да, постои епидемија на корупција во државава. Знаете, нашата – не се работи буквално за „црна листа“ – листа на оние што биле санкционирани, означени од САД, повторувам, за нас е правна формулација. Што ќе се случи потоа зависи од граѓаните на државава, и службениците на оваа држава. Она што ќе ви кажам е дека сум импресионирана дека граѓаните, реакциите на граѓаните што сум ги добила за секое именување се убедливо позитивни. Реакцијата што веројатно најчесто ја добиваме е, ве молиме, додадете уште имиња. Дали поентата е Амбасадата на САД да има таква листа? Не! Всушност, би било супер да нема повеќе корупција и да немаме други имиња да спомнеме. Не мислам дека тоа ќе се случи во скора иднина. Вие мислите така? Сигурно има уште многу кандидати, рече таа.

Притоа Агелер, кажа дека со поранешниот премиер Зоран Заев разговарала многу, но не во последно време и дека неговиот настап и заземање за својот пријател Кочо Анѓушев, кој неодамна беше ставен на американската „црна листа“, е негов став и дека тој има право да го прави тоа.

-Со поранешниот премиер сум разговарала многу, иако не во последно време. Тој настапи и се зазема за свој пријател и секако има право да го стори тоа, рече Агелер.

Претходна вестАкадемија во МАНУ: Со АБЕЦЕДАРОТ треба да се запознае и светската јавност
Следна вестТри лица каснати од бездомни кучиња во Гази Баба и Чаир