Ах тие шахти: Нов асфалт среде Скопје, ама и нови вирови при прв дожд

Многу пропагандни фотки се направија за улиците на кои се стави нов асфалт. Ама сега заврна и нема ги нема пропагандните фотографи за да ги видат вировите само после еден дожд, а улицата е нова.

Врнежите кои вчера паднаа врз градот брзо покажаа како обновената крстосница кај Црвен крст во центарот на градот има фалинка. А таа е во тоа што на неа како да нема предвидени одводни шахти. Па, така, на најголем дел од пешачките премини се собира големо количество вода кое им прави проблеми на граѓаните. Тие мора да ги заобиколуваат, да ги прескокнуваат небаре се атлетичари или да газат по нив…

Изгледа скопјани кога врне ќе треба покрај чадор да си носат и мотка за скок во височина (само нема каде залет да фатат) затоа поарно е барем рибарски чизми.

Претходна вестЕден загинат и тројца повредени во сообраќајка кај гостиварско Форино
Следна вестВо скопските ковид центри се лекуваат 433 лица