Порака до актуелната власт дека „доколку се допре албанскиот јазик, сите Албанци ќе бидат на нозе“, упати синоќа лидерот на ДУИ Али Ахмети. Демократската унија за интеграција синоќа продолжи со средбите со граѓаните, при што лидерот на интегративците Али Ахмети се сретнал со граѓаните и симпатизерите на оваа партија во скопско Шуто Оризари.
Од ДУИ велат дека собирите на партијата и Ахмети се дел од серија средби кои ДУИ ги започна и ќе ги продолжи и во наредниот период.
-Вечерва на средбата со народот организирана од огранокот на ДУИ во Шуто Оризари разговаравме за понижувањата, отпуштањата на Албанците, обидите за укинување на албанскиот јазик, Балансерот и рушењето на сите достигнувања на Албанците пред очиите на прекршителите на волјата на Албанците – ВЛЕН. Али Ахмети ги увери членовите, симпатизерите и граѓаните дека по никоја цена нема да толерира уништување на постигнатото со многу жртви, информираа од партијата од Мала Речица за синоќешната средба со граѓани.