Ахмети: Македонците како нација можат да напредуваат само во добра хармонија со Албанците, во спротивно, ќе ги проголтаат Србите, Бугарите и Грците

Македонците како нација можат да напредуваат само во добра комуникација, хармонија и однос со Албанците. Во спротивно, ќе ги проголтаат Србите, Бугарите и Грците. А ова не ви го кажувам само овде, им го кажав на сите политички претставници на македонската заедница. Само со нас, со соработка и заеднички живот, можат да си ја зачуваат својата историја, својот национален идентитет, инаку им е судено да не постојат, рече Али Ахмети, лидер на ДУИ на засебното одбележување 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

На денешната академија по повод одбележувањето на 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор кажа дека сопственоста на држава за која размислуваа во 1990-тите години треба да се заборави затоа што заедно сме сопственици и заедно сме господари и на доброто и на лошото.

-Само со нас, со соработка и заеднички живот Македонците можат да си ја зачуваат својата историја, својот национален идентитет, инаку им е судено да не постојат. Така што, нека биде ова комеморација на 23-годишнината од Охридскиот мировен договор кој има посебна заслуга за тоа што оваа земја не беше поделена, не се раздели, затоа што не прифати ОВК, туку прифати целосен договор меѓу двете заедници и малите заедници во нивните области каде што живеат. Затоа, ние го штитиме, се бориме овој договор ниту да биде прекршен ниту загрозен, затоа што е спас и за Албанците и Македонците како две најголеми заедници. Сопственоста за која размислуваа во 1990-тите треба да се заборави затоа што заедно сме сопственици и заедно сме господари и на доброто и на лошото. Во оваа ситуација, какви драматични и опасни случувања има во Европа, недалеку од нас , навистина сите треба да мислиме дека Европа е во пламен и во војна, рече Ахмети.

Претходна вестМеџити: Охридскиот договор не е договор за вечно учество на политичка партија во власта
Следна вестПромоција на нови офицери и подофицери во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“