Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека од продавниците се повлекува чоколаден бар „Милка орео“ од 37 грама. Повлекувањето му е наложено на операторот со храна ТД „Нелт СТ“ ДООЕЛ, поради присуство на пластични фрагменти.
– Повлекувањето се однесува за производот под назив „Чоколаден бар Милка Орео 37 гр.“ со сериски број/лот: OSK0934652 и рок на употреба до 18.8.2024, од производителот „Mondelez Polska Production SP Zoo“, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на АХВ.
Увозник и дистрибутер во земјава е компанијата ТД „Нелт СТ“ ДООЕЛ.
Истиот производ, со ист сериски број и рок на употреба, пред неколку дена е повлечен и од хрватскиот пазар поради истата причина – можно присуство на парчиња пластика