Ајнштајн не се разбирал во човечките проблеми, исполнува ли некој ваков услов кај нас?

Колумна на Владимир Величковски:

Во страшната Ковид – 19 пандемија и економската криза нужно е да покажеме свест и одговорност за општото добро, а личниот интерес да го ставиме во мирување. Освен тоа имавме претопло лето како резултат на глобалното затоплување. Македонија ја виде и почувствува животната драма на бегалцитемеѓутоа и ние, во сопствената средина имаме раселени лица, се повеќе изолирани и несреќни луѓе! Кога се испраќа хумана порака за солидарност со несреќните бегалци таквиот чин го поздравува светот. Меѓутоа, што значи да се ракувате со светски лидер? Тоа пред се значи дека моќните ја водат играта и ги диктираат (дипломатски и поинаку) условите. По повод локалните избори се повторува старата приказна: станува збор за престиж на партиите во борбата за власт, што значи кандидатот е предложен од партијата а тој е задолжен да ги брани интересите на партијата не размислувајќи пошироко. Што значи, всушност, независен кандидат, или да се излезе со образложен „капитален“ проект? До сега не видов личност со знаење и каапцитет, со визија за такво нешто. Долг и мачен е патот од идеја до нејзиното реализирање. Кандидатот, пред се, треба да го чувствува градот и да ги знае добро проблемите на градот во кој подиректно се слеваат мислите и чувствата на светот. После толкаво еко-пустошење се појавува интерес за формирање „чисти“ зелени партии. Требало да имаме закон за урбано зеленило, но „како брана против Скопје 2014“?! Не можам да замислам како тоа може да се оствари? Да потсетам: Во Марибор во 1980 година беше отворено Првото југословенско триенале Екологија и уметност на кое зедоа учество и македонските уметници. Ајнштајн ја одбил понудата да стане претседател на Израел затоа што, рекол, „не се разбира во човечките проблеми“. Кај нас, под такви услови никој никогаш не би можел да биде ниту претседател ниту премиер! Нашите партиски власти дури им веруваат на своите лаги! Каде е тука „гласот на народот“, грижата и чувството за оние кои се нашата иднина? Во партизираните институции не може да се има доверба туку сомнеж дека работат стручно и одговорно. Сите столбови на општеството во партизираното општество се сериозно разнишани. Гнило е!

Слушаме дека ќе се формирало координативно тело кое ќе ги евидентира малтретираните деца. Мачкање очи, празни зборови – би рекле луѓето. Ниту една институција, не ќе ве заштити од насилништво.

Треба да се забележи: повеќе македонски и странски уметници во текот на последните сто години изработиле слики и цртежи со староградски мотиви, посебно мотиви на старата чаршија од речиси сите градови низ Македонија. Овој обемен материјалима уметничко и документарно значење за она што постоело, а не се сочувало или трансформирало во современ дух.

Мојот македонски идентитет се формирал од раѓање во 1949 година преку сите промени и суштенствени константи на препознавање се до денес. Тоа не ми смета да размислувам за следна филозофска мисла: „Некој друг да го лишите од неговиот корен, е најлут злочин  – самиот да се лишите од својот корен, е најголема придобивка“. Дали воопшто ни беа потребни нашите „црвени линии“ (малку задоцнети) со толку општи места?!

На проекцијата на светски познатите бендови Лајбах и Панкрти присуствуваше и словенечкиот министер со сопругата, но не видов ниту едне наш претставник! Од тука, има ли каде би крикнал некој панкер!

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Растот на БДП од 13% нема да го надомести падот од минатата година од 15%
Следна вестСе судрија мопед и велосипед,повредени три лица