Голема полициска акција против дрвокрадци на Скопска Црна Гора се спроведува утрово од страна на полицијата. Според неофицијалните информации приведени се околу десетина дрвокрадци.
Порталот 24инфо.мк објави дека се запленети околу 300 кубни метри огревно дрво.
Во акцијата учествувале припадници на ЕБР, специјалци и полициски службеници.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.
Фото:Архива