Ако барате работа: Најмногу места има во продажба и услуги

Во првото тримесечје од оваа година стапката на слободни работни места изнесува 1,58 проценти. Најголем број слободни работни места – 2.103 има во петтата група занимања – работници во услужни дејности и продажба.

Според податоците на Државниот завод за статистика, највисока стапка на слободни работни места од 4,98 проценти има секторот градежништво, додека најмала е стапката во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 0,15 проценти.

Скопскиот регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 1,80 проценти.

Претходна вестШто ни се случува?- Десет починати и 37 нови заразени од ковид
Следна вестДа не се мешаат дози од различни вакцини против ковид, вели Филипче