Ако не смеете да се вакцинирате, за тоа се издава потврда од специјалист

Делта-сојот е доминантен кај новозаразените со дури две третини покажала последната анализа на Институтот за јавно здравје и МАНУ.

Но според Филипче, без разлика за која варијанта се работи, решението се вакцините кои се еднакво ефикасни за сите соеви.

Во однос на згоемениот број починати од ковид последниве денови, тој вели дека се работи за лица со хронични болести, посебно кардиоваскуларни и белодробни.

За лицата кои не може да се вакцинираат поради здравствената состојба, Филипче рече дека ќе може за тоа да добијат потврда од лекар-специјалист од областа на имунологијата. Но, за нив рече дека се толку мала бројка што не би влијаела на колективниот имунитет.

Претходна вестТрета доза или сезонска вакцина против ковид – се одлучува на колку време и која ќе се дава
Следна вестШилегов предизборно растрчан, најави мост – архитектонско чудо