Ако не сте ја продолжиле сообраќајната дозвола две години возилото мора да се одјави

Сопствениците на возила коишто не ја продолжиле важноста на сообраќајната дозвола повеќе од две години мора да го одјават своето возило во Министерството за внатрешни работи, односно во регистрационото подрачје каде возилото се води во евиденција.

Ова денеска го соопштија од Министерството за внатрешни работи повикувајќи се на Законот за возила.

Исто така, согласно пропишаните норми – сопственикот на возилото е должен да го одјави своето возило кај органот што го регистрирал ако: возилото е уништено, односно има статус на искористено возило, согласно со прописите за заштита на животната средина; ако возилото е трајно изнесено надвор од територијата на Република Северна Македонија, ако возилото се регистрира во странство заради преселување на сопственикот на возилото, односно од други причини.

Министерството за внатрешни работи уште еднаш упатува јавен повик до граѓаните – сопственици на ваквата категорија на возила, најдоцна до 30.6.2022 година да ја извршат законската обврска за одјава на возилата, следствено законската процедура.

Ако сопственикот на возилото не го одјави своето возило Министерството за внатрешни работи во согласност со законските надлежности ќе го избрише од евиденција на регистрирани возила и ке преземе мерки за одземање на регистарските таблички на трошок на сопственикот на возилото.

Претходна вестСин уби татко во Бутел
Следна вестПоради поврзување на нова водовдна мрежа, дел од Кисела Вода утре без вода