Управата за јавни приходи на електронската платформа е-ПДД постави нова опција за оние кои скенираат фискални сметки преку апликацијата Мој ДДВ, да можат да проверат до каде е нивната исплата на повратот на средствата.
На странцата има ново прозорче „МОЈ ДДВ – До каде е исплатата на повратот“ во што се влегува со најава на својот профил на е-ПДД.
Тука се содржани информации за вратен дел од ДДВ за соодветното тримесечје, односно кога е извршена исплатата, дали трансакциската сметка е погрешно внесена (внесената сметка не е лично негова / внесен е број на платежна картичка), како да ја коригира погрешно внесената трансакциска сметка за да се реализира исплатата…