Каде и да планирате да одите денеска, завршете си ги обврските до попладне – особено ако се теренски, бидејќи според метеоролозите стигнува невреме.
Тие предвидуваат прoменливо облачно и нестабилно, со повремен пороен дожд и грмежи. Особено изразени ќе бидат во попладневните часови кога се очекува и појава на град.
Утринската температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а дневната од 25 до 36°C.
УВ индексот ќе изнесува 6.