Ако струмичките кафулиња не ја шират заразата, скопските ли се ширачите?

Од утре струмичките угостители излегуваат на бојкот, односно блокади на улиците низ градот во знак на револт што Владата со новите мерки, како што велат, повторно удира врз нивниот промет и профит, па ги доведува во прашање работните места во овој сектор. Блокадите ги најавија викендот што измина:

-Од вторник од 11:00 часот до 13:00 часот, секој ден во знак на незадоволство ќе настапиме со блокирање на улиците во Струмица како и влезовите на градот. Ги бараме повторно претходните мерки за слободен влез на невакцинирани и вакцинирани, бидејќи со моменталните мерки се создава само поделба на граѓаните. Ние не сме тие што ја шириме короната и затоа бараме владата да го прифати нашето барање. Во спротивно ќе настапиме и со поостри мерки, велат од Угостителското здружение од Струмица.

Посочуваат дека во овие години се на постојан удар, а време е Владата да донесе нови мерки кои ќе бидат и во нивна корист.Но, до овој момент нема никаков одзив од угостителите од другите градови, пред се главниот, Скопје. Откако се рашири најавата од струмичките угостители, скопјани јавно прашуваат на социјалните мрежи: Ако струмичките кафулиња не ја шират заразата, скопските ли се ширачите?! А како поинаку да се разбере молкот на кафеанџиите од главниот град кои од 16 август само скромно се жалат со по некоја срамежлива изјава во медиумите?

Во меѓувреме, во Скопје се одржаа два протести против владините мерки, невакцинираните да не можат да посетуваат угостителски објекти, а последниве денови и молови. На нив не се издвоија со присуство угостителите.

Претходна вестТетовец физички ја нападнал својата поранешна девојка и ја однел дома
Следна вестТераат војна против вистината