Активен пожар во Липково, вчера изгаснати 28

Во државава е активен еден пожар, а вчера имало вкупно 29, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активен е пожарот во општина Липково, над селата Извор и Белановце. Се работи за шумски пожар, а ЦУК соопшти дека неговиот интензитет е намален.

ЦУК информира дека се изгаснати 28 пожари, по два во општините Старо Нагоричане, Теарце и Радовиш, а три во општина Зелениково. Изгаснати се и пожарите во општините Липково, Кавадарци, Струга, Ѓорче Петров, Илинден, Студеничани, Боговиње, Прилеп, Долнени и Кочани.

Пожарите биле на локации со сува трева, ниска вегетација, грмушки, стрништа, мешана шума…

Претходна вестКрадци украле лаптопи од организацијата „Донирај компјутер“ која досега подарила преку 2.500 компјутери на социјално загрозени лица
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Уште колку внуци на функционерите на ДУИ се со претприемачки дух?