Утрово во Скопско започнала голема полициска акција за сузбивање криминални групи поврзани со трговија со дрога.
Акцијата сè уште трае и се одвива на повеќе локации, меѓу кои Арачиново, Нерези и Радуша. Неофицијално, запленети се кокаин и марихуана, а се апсат и наркодилери организирани во криминални групи.
Од МВР потврдија дека акцијата е во тек, а детали ќе објават по нејзиното завршување.