Намалувањето на бројот на населенито во Македонија е општо позната работа. Како што е општо познато дека тоа скоро никого не го загрижува, а власта и не презема поконкретни мерки негативниот тренд да се ублажи – сопре.
А пристигнуваат уште попесимистични прогнози. Имено, драстично намалување на бројот на жителите во Македонија во наредниве 50 години предвидуваат проекциите на Државниот завод за статистика за населението во Македонија. Според нив, Македонија во 2070-та година ќе има помалку од 1,5 милион луѓе, па дури и само околу 1.250.000 жители, односно, за околу 586.000 помалку отколку што имаше во 2021-ва година кога на Пописот беа преброени 1.836.713 жители.
Алармантни бројки.
Најавено е дека државниот завод за статистика денеска ќе ги презентира проекциите за населението до 2070 година. На настанот, што ќе се одржи во македонското Собрание ќе имале свое обраќање и на претседателот Стево Пендаровски, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи…
Што ли ќе кажат?
Според статистичарите, иселувањето е клучно за демографската иднина. Годишно во просек околу 12 илјади лица се иселуваат од земјата. Освен со иселувањето, Македонија има проблем и со низок наталитет.