Алармантно: За само три дена фатени 69 возачи без дозвола во Скопје

Возењето без возачка дозвола по скопските сообраќајници станува се позагрижувачка и почеста појава. Само по последните три дена полицијата откри дури 69 возачи кои управувале со возилото без положен возачки испит. Колку ли не биле фатени?

Во текот на вчерашните контроли биле откриени 24 лица кои немале дозвола, завчера дури 34, а ден претходно 11 лица. Податоците не се ништо подобри ниту во деновите пред овие контроли. Со тоа, овие лица значително ја загрозувале како сопствената така и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Инаку, полицијата денеска соопшти дека се казнети вкупно 164 возачи.

-Имало 28 санкции за непочитување на брзината на движење, 7 за управување под дејство на алкохол, 10 мерки за нерегистрирани и технички неисправни возила, 2 за поминување на затворен семафор (црвено светло), 3 мерки за користење на мобилен телефон, 5 за некористење на сигурносен појас и 24 за непрописно паркирање, се наведува во соопштението на МВР.

Претходна вестПриведени три лица, во две торби имале 15 килограми марихуана
Следна вестДали Заев го потсети Црвенковски да си го ажурира членството во СДСМ?