Темно Режим Светло Режим

Албанец и Германка уапсени на Блаце, со украден мерцедес сакале да ја поминат македонската граница

Вчера во 17.00 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници ги лишиле од слобода 22-годишниот А.М. од Република Албанија и 21-годишната В.С. од Сојузна Република Германија, извести МВР.

-При извршена гранична контрола и проверка било констатирано дека возилото „мерцедес“ со германски национални ознаки, кое го управувал А.М., а сопатничка била В.С., евидирало во базата на Интерпол како украдено, соопшти МВР.

Тие биле задржани во полициска станица, а возилото било одземено за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Вчера во 17.00 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници ги лишиле од слобода 22-годишниот А.М. од Република Албанија и 21-годишната В.С. од Сојузна Република Германија, извести МВР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ го уништија здравството

Следниот Пост

Левица организира протест против изградбата на 17 - катница во близина на болницата ,,8-ми септември''