Тошковски најави награди за вработените во МВР кои ќе помогнат околу проблемот со пасошите

Награда ќе добијат оние вработени во МВР кои ќе помогнат во надминувањето на проблемот со замената на личните документи. Ова го најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ма денешната средба со раководствата на Македонскиот полициски синдикат, Независниот синдикат на полицијата и Синдикатот на полиција во Македонија. На средбата тој изрази отвореност за соработка со сите синдикати и посочи дека како министер има чесни и искрени намери за подобрување на работата на Министерството во целост. Во таа насока ќе биде партнер на синдикатите со цел да се зајакне достоинството на полициските службеници кои треба да бидат сервис на граѓаните и гарант за безбедноста на државата.

-Од страна на министерот беше побарано од синдикатите во рамките на своите можности да помогнат во надминување на предизвиците поврзани со кризата која се појави во делот на издавање на лични документи, а од негова страна ќе бидат преземени сите мерки и активности во рамките на законските можности со цел обезбедување награда за оние вработени кои ќе изразат желба да помогнат во надминување на предизвиците поврзани со овој процес, се наведува во соопштението на МВР.

Од страна на раководителите, министерот беше запознаен со структурата и работата на синдикатите и беше изразена благодарност за поканата за средба и подготвеност за соработка и воспоставување на партнерски однос со министерот во насока на подобрување на условите и работата на Министерството.

Претходна вестГулаб осомничен за шпионажа ослободен по осум месеци заробеништво во Индија
Следна вестИмаше само 32 години – Почина една од најубавите актерки на Боливуд