Вандализиран споменикот на Гоце Делчев во Струмица

Фотографијата од осквернатиот споменик се шири по социјалните мрежи, а се случува на два дена пред одбележувањето на 152 години од раѓање на Гоце Делчев, 4 февруари.

Од Општина Струмица го осудуваат овој вандалски и дрзок чин и бараат од надлежните да ги откријат сторителите. Додаваат дека споменикот ќе биде исчистен и апелираат до граѓаните да не го уништуваат заедничкото добро.

Споменикот на Гоце Делчев во Струмица е најголем во државата и е дело на скулпторот Бранко Конески. Висок е 5,20 метри и е подигнат е во 1976 година, а одлуката за неговото подигнување е донесена во 1972 година, по повод 100 години од раѓањето.

Претходна вестПознато што треба да направат граѓаните кои после 12 февруари ќе се затекнат во странство со стар пасош
Следна вестПочина деветнаесетгодишно момче од Турција, било донесено во тешка состојба во болница