Хелсиншки комитет: Пренатрупаноста во сите затвори е алармантен проблем за кој државата мора итно да најде решение

Лошите и нехумани услови во затворите, особено во Идризово, не смеат да се игнорираат. Иако сите институции кои застануваат во одбрана на човековите права во секој извештај нотираат поразителни резултати, нема никакво подобрување на условите во затворите.

Осудените лица немаат соодветен пристап до здравствена заштита, ниту соодветни материјални услови за живеење, а програмите за ресоцијализација, условите за нивно имплементирање и постпеналната помош се сè уште недоволни и неприменливи, забележува Хелсиншкиот комитет за човекови права во изјава за Сител телевизија.

Пренатрупаноста во сите затвори е алармантен проблем за кој државата мора итно да најде решение, бараат од комитетот.

Извор: Сител ТВ – повеќе за ова прочитајте на линкот ОВДЕ

Претходна вестСАД: Загрижени сме за можните етнички тензии на северот на Косово по укинувањето на динарот
Следна вестГрешка e прифаќањето преговори за „договори“ кои се спротивни на нашето право да ги чуваме македонските национални вредности