ДПМНЕ пекаше за Влада без ДУИ, а влезе во Влада со ДУИ – велат од СДСМ

ДПМНЕ пекаше за Влада без ДУИ, а влезе во Влада со ДУИ, се вели во соопштението кое утрово го објави СДСМ.
Се што кажа Христијан Мицкоски излажа. Велеше единствен услов му бил ДУИ да не биде дел од Владата, дека не прифаќа Влада со ДУИ.

Па се пишмани и ДПМНЕ влезе во влада со ДУИ. Сега ДПМНЕ има министри и заменици министри во техничката Влада, кои му се поклонија на Талат Џафери, а велеа дека тој не заслужува да биде технички премиер, иако во периодот 2012-2014 беше министер за одбрана во влада на ДПМНЕ.

Повторно се виде дека Мицкоски манипулира, го лаже членството, ги лаже граѓаните. Мицкоски едно зборува друго прави. Него не му се важни граѓаните, туку фотелјите и власта – се вели во соопштението на СДСМ.

Претходна вестДонесен нов правилник за штипските ученици
Следна вестОбрадовиќ досега потрошил 30.000 евра за билети – Во Партизан нема бесплатен влез