Албанска банда завладеа со Лондон, продаваат хероин и рекетираат

Членовите на албанската банда Хелбанијанц,(Hellbanianz ), кои дејствуваат во еден дел на Велика Британија, поточно во Баркинг во близина на Лондон, ги држат локалните жители во постојан страв. Тие се сместени на имот во Баркинг и често се појавуваат на социјалните мрежи за да се фалат со своите криминални активности.

За уште повеќе да се пофалат со своите „активности“, членовите на оваа банда често се фотографираат за Инстаграм со автомобили, пари и пиштоли.

Дејзи О’Доерти, која живее во истата област со членовите на оваа банда, вели дека гореспоменатите гангстери се однесуваат така што другите жители живеат во страв.

Бандата се здоби со слава во 2017 година кога објавија рап видео во кое се фалат со парите што ги заработиле од продажба на дрога и други криминални активности.

О’Доерти опиша инцидент што се случи неодамна. Нејзините животни, куче и мачки, една ноќ се вознемириле, а потоа таа ја отворила вратата за да ја види полицијата со кучиња.

„Влези внатре“, и рекол полицаецот, по што полицајците побегнале, вели таа, додавајќи дека никогаш не видела такво нешто.

Потоа дознала дека рацијата била извршена како дел од полициска операција во југоисточна Англија и дека е вклучено оружје. Во акцијата беа уапсени десет лица.

Претходна вестТрамп: Бајден не’ доведе до работ на третата светска војна
Следна вестМилионер ќе донира 99 проценти од богатството, не сака децата да му бидат разгалени и неспособни