Албанска државјанка протерана од земјава, сакала да мине на „Табановце“ со скинат пасош

29-годишна Албанка сакала да помине на „Tабановце“ со скинат пасош. Нејзи ѝ била изречена прекршочна санкција-глоба и протерување на странец од земјата во траење од една година

– На 05.11.2023 во 12.20 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници ја привеле Е.Л.(29) од Република Албанија, затоа што при гранична проверка и контрола било констатирано дека во нејзината патна исправа недостасуваат неколку страници, информираат од МВР.

Таа била предадена на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, а од Основен суд Куманово ѝ била изречена прекршочна санкција-глоба и протерување на странец од земјата во траење од една година.

Претходна вестДемократски сојуз: Го осудуваме великоалбанскиот шовинизам и величењето на „Голема Албанија“
Следна вестПензионерите денеска протестираа во Прилеп, утре пред странски амбасади и Владата