Албански интелектуалци со отворено писмо до Уставен суд во пресрет на расправата за Законот за употреба на јазиците

Околу 250 албански интелектуалци, меѓу кои и универзитетски професори се потпишаа на отвореното писмо упатено до Уставниот суд пред претстојната седница на која ќе се расправа за уставноста на Законот за употреба на јазиците , во кое бараат Судот да не ја укинува службената употреба на албанскиот јазик.

Во писмото ние изразуваат надеж дека уставните судии нема да дозволат остварување сценарија со кои се повредуваат чувствата на секој албански државјанин.

-Ваквата постапка би ја поткопала довербата на граѓаните, особено на Албанците, во функционирањето на институцијата што ја застапувате и од која се очекува да носи одлуки самостојно, според сопствени убедувања, врз основа на Уставот и законите, а не според политички влијанијe, од било која страна да доаѓале тие. Го потсетуваме широкото јавно мислење и вас, почитувани судии, дека досегашната работа на Уставниот суд предизвикувала тензии и незадоволство, секогаш кога тој донесувал еднострани и самоволни одлуки, кои довеле до сериозни последици врз меѓуетничките односи и ги нарушувале националната права на Албанците за еднаквост и правда, реализирани на институционален начин, се наведува во писмото.

Тие потсетуваат на пресудите на Уставниот суд од 1997 година, кои доведоа до насилна државна интервенција во општините предводени од легитимно избраните албански градоначалници, што доведе до трагичните настани во Гостивар, каде имаше и човечки жртви. Како што се вели во писмото одлуките на Уставниот суд не треба да поттикнуваат незадоволство или повторување на последици и пресуди со политички мотиви, како оние што ги споменавме погоре.

-Во оваа прилика го изразуваме и нашето несогласување и нашата огорченост во однос на одлуката за укинување на декларирањето на етничка припадност, со која практично се враќаме на времето пред потпишувањето на Охридскиот мировен договор, бидејќи ја елиминира можноста за пренесување правична и соодветна застапеност, што е уставна категорија и што овозможи вклучување на Албанците и другите заедници во институциите. Секој тренд што има за цел, макар и на софистициран начин, да го промени карактерот на државата и да правилното застапување го претвори на само зборови на хартија, ја поткопува меѓуетничката кохезија и ја загрозува меѓусебната доверба во нашата мултиетничка држава , се вели меѓу другото во отвореното писмо до Уставниот суд.

Претходна вестЛевица: Уставниот суд стана жртва на етнички уцени
Следна вестЛДП бара да се забрани „Тик-Ток“ поради опасниот предизвик во којшто повредени се деца во Македонија