Албански планинари го отстранија македонското и го закачија албанското знаме на врвот на Кораб

Провокативен чин викендов стори група на албански планинари откако од планинскиот врв Голем Кораб со симнаа македонското државно знаме и го закачија албанското. Зад овој дрзок чин стои албанскиот планинар од Пешкопеј Изет Шулку со неговото друштво, а кој сето ова го објави и на социјалната мрежа Фејсбук.

-Кораб е на Албанија и таму нема место за македонското знаме, напиша Шулку на својот фејсбук-профил и го објави видеото.

Во објавата се гледа Шулку, кој се претставува како албански државјанин, како е искачен на постаментот и како го симнува македонскиот државен симбол, а го закачува албанскиот двоглав орел.

На врвот Голем Кораб кој припаѓа на Националниот парк Маврово стои информативна табла со налепница испишана на македонски јазик со надморската височина на врвот – 2.764 метри и дека корабскиот планински масив е во две земји Македонија и Албанија, но Шулку исто така ја искина и фрли.

Засега нема реакции од македонските власти за оваа дрска провокација на групата албански планинари кон македонскиот државен симбол. На Фејсбук видеото наиде на симпатии кај албанската публика.

Претходна вестГрад Скопје доби признание Европска диплома
Следна вестРобот вработен во градската управа се „самоубил“, фрлајќи се по скалите