Rаководството на Алијансата за Албанците едногласно ги избра кандидатите за заменици министри во новата Влада, кои ќе треба да ги изгласа Собранието.
Елфете Исмаили е кандидат за заменик министер за одбрана, а Флакрон Беџети, кандидат за заменик министер за земјоделство.
-Во дискусијата беше истакнато дека избраните членови на АА во идната влада во рамките на коалицијата Вреди ќе ја одразуваат долгоочекуваната промена, ќе бидат на чело на своите должности и во служба на граѓаните и во одбрана на нивните интереси.
Борбата против криминалот и корупцијата, европскиот пат на земјата и економскиот раст и благосостојбата на граѓаните се основните столбови на идната влада, се вели во соопштението на Алијансата за Албанците.