Aлкалоид до врв го наполни голот на Радовиш

По европската авантура ракометарите на Алкалоид се вратија на обврските во домашниот шампионат. Избраниците на Кирил Лазаров вечерва без проблеми славеа против Радовиш со 21-46 во меч од 13. коло од Суперлигата.

Тимот од Автокоманда почна фуриозно. Го полнеше голот на противникот од секоја позиција, а на полувреме замина со огромна предност од 9-25. Во вториот дел фармацевтите само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 21-46.

Александар Петковски со осум гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Трајанов, Ончев, Костадинов и Атанасов постигнаа по три гола.

Претходна вестМицкоски на средба со Кос: Подготвени сме да разговараме за се што е принципиелно и во полза на држава и граѓаните
Следна вестДУИ поднесе 4 интерпелации