Алкалоид го победи Пелистер и го освои трофејот во Суперкупот

Eкипата на Алкалоид успеа да слави борбата за трофејот во Суперкупот и во финалето го совлада Пелистер со 33:30.

Двете екипи понудија одличен ракомет и изедначена игра. Алкалоид во завршницата од првиот дел успеа да се „одлепи“ и да направи предност од пет гола на паузата (19:14).

На стартот од вториот дел следуваа неколку грешки кај избраниците на Кире Лазаров, па битолскиот состав намали на 19:21. Во финишот беше драматично, но Алкалоид успеа да го издржи притисокот и на крајот да слави победи.

Никола Костески беше најефикасен со осум гола, додека Кузмановски за Еурофарм Пелистер постигна пет гола.

Претходна вестМинск собори две руски беспилотни летала над територијата на Белорусија
Следна вестКавадарци одбележува 68 години од тектонската несреќа кај месноста Моклиште